Груевски: Отчетот е капиталот кој го оставаме зад нас

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во хотелот „Александар Палас“ го презентира отчетот за сработеното во изминативе три години 2011-2014.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна граѓаните го вреднуваат трудот, работата, достоинството и одговорноста, но и дадениот збор на еден политичар.

-Одговорноста кај нас политичарите е најголема, излегување со очекувања пред граѓаните базирани на нашите програми со кои сме ветиле дека ќе се движиме напред, да работиме со цел граѓаните да може да се потпрат на нас и да видат дека има разлика во нашиот начин на на работа, во нашиот збор. Ние стоиме зад нашиот збор, зад секое едно ветување, нагласи Груевски.

Во 2006-та, рече Груевски, како партија покажавме нов стандард во политиката, со конкретни чекори, бидејќи, како што рече, програма е начинот на кој одговорна партија се однесува кон граѓаните.

-Како стандард го наметнавме отчетот пред граѓаните како прва политичка партија. Детално прецизно темелно и одговорно како што очекуваат и нашите граѓани. И не е случајно што граѓаните во континуитет ни ја даваат довербата, со нас се на проверено и нема импровизации, си стоиме на зборот и свесни сме за неговата тежина. Довербата ја добиваме затоа што граѓаните знаат да направат разлика, помеѓу вредни и посветени луѓе кои држат со ветувањата и политичари кои даваат лажни ветувања и ништо не исполнуваат, рече лидерот на владејаќката партија.

Тој истакна дека денеска го промовираат отчетот во кој има детали за сето сработено во изминативе три години.

-Овој отчет кој денес го споделуваме со вас содржи елаборација на 1376 проекти од кои 1009 се реализани, 329 се во тек на реализација заради фактор време, а  38 проекти не уапеавме да ги реалираме воопшто. Сето ова за нешто помалку од три години. Овој отчет е капиталот кој го оставаме зад нас. Отчетот прави разлика од она што се нашите противици. Тој е капиталот со кој излегуваме во јавноста, истакна премиерот.

Презентацијата на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се уште е во тек.

16.03.2014 - 13:47
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега