Како Шилегов со минимална плата стекна огромно богатство?

Неодамна, во јавноста протекоа информациите за тоа колку вреди имотот кој го поседува портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Република“ објави дека тој поседува трокатна куќа вредна 440 илјади евра со вкупна големина од 313 метри квадратни, два автомобили Мерцедес и Ауди, како и стан на негово име во скопската населба Кисела Вода со вкупна површина од 88 метри квадратни. 

Како што пишува денеска Курир, Шилегов, кој според сфаќањата на првиот човек на СДСМ Зоран Заев, припаѓа на средната класа, секој друг би помислил дека е човек кој вредниот имот го заработил како значаен бизнисмен со цела редица на фирми зад себе. Сепак, тоа не е случај со Шилегов, кој не е бизнисмен.

Според официјалните податоци кои ги објавува Курир, Шилегов и неговата сопруга во нивната фирма се пријавени на минимална плата. Неговата сопруга официјално, за месец јануари, зела плата од 10.900 денари. Шилегов, пак, е пријавен на плата од 22.929 за истиот месец.

-Дали ова се приходи со кои може некој да си дозволи толкав имот?! Сигурно дека не. Ваквата несразмерност меѓу ниските пријавени приходи и големиот имот фрла сомнеж дека приходите се стекнати на друг начин, пишува Курир.

Она што е последно познато во јавноста, потсетува Курир, е дека Петре Шилегов како претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки во Владата на СДСМ одлучувал и носел решенија за доделување на бизниси и јавни набавки на фирми блиски до СДСМ и нивни спонзори. Меѓу фирмите за кои Шилегов “ургирал“, се најде фирмата на сопругата на Бранко Црвенковски, СЕМОС, фирмата чиј сопственик е бизнис партнер на Заеви, „ Јавор шпед“, Д-р Пановски Веледрогерија и фирмата „Брилијант“ на Мите Николов.

Петре Шилегов сеуште не излегол со конкретен коментар за овие случаи.

 

16.03.2014 - 12:38
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега