Несреќен битолчанец: Преку ноќ изгубил преку милион денари

Битолчанец остана без своето богатство, откако засега непознат крадец провалил во неговата куќа и му го испразнил металниот сеф.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила вчера на улицата „Страшо Пинџур“ во Битола. Крадецот ја скршил влезната врата од куќата, го пронашол малиот метален сеф и го испразнил. Арамијата си заминал со 18.000 евра и разновиден златен накит.

Полицијата трага по крадецот и работи на расветлување на случајот.

16.03.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега