Последен поздрав со Петар Милошевски утре во Соборниот храм
Последниот поздрав и опелото во чест на легендарниот македонски голман, Петар Милошевски, ќе се одржи утре во Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје.
Оддавањето почит на семејството ќе започне во 11:30 часот и ќе трае до 12:30 часот. Опелото ќе го одржи Господин Господин Стефан од 12:30 до 13:15, кога поворката ќе се упати кон градските гробишта Бутел во Скопје.
Погребот ќе започне во 14.00 часот.
Семејството Милошевски и Фудбалската Федерација на Македонија ги повикуваат сите роднини и пријатели да му оддадат последна почит на Петар Милошевски во Соборниот Храм во Скопје, каде ќе бидат отворени две книги на жалоста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа