На Македонија и се заканува враќање на визите
Сеуште е актуелно суспендирањето на слободниот визен режим, иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, пишува Дојче Веле.
-Укинувањето на слободното движење во Европа поради стотината сиромашни луѓе од Македонија кои бараат подобар живот во Германија го сметам за - авантуристички. Алармот на министерот Фридрих го гледам само како тема која е во контекст на престојните избори. Но, до толку повеќе е загрижувачки ако се знае дека германското МВР заедно со министерствата на Австрија, Холандија и Велика Британија со писмо испратено до претседателството на Европскиот совет бараат нова дискусија за еднострана суспензија на слободниот визен режим за Македонија и Балканот, вели пратеникот од Сојузот 90-Зелени во германскиот Бундестаг, Мемет Килич за Дојче Веле.
Според последните податоци за бројот на баратели на азил од Македонија, објавува ДВ, состојбата е релаксирана. Статистиките велат дека за разлика од минатите неколку години, бројот на баратали на азил од Македонија е значително намален. Од почетокот на 2013 заклучно со април, 717 македонски државјани побарале азил во Германија. Со оваа бројка, земјата се наоѓа на десетто место, последна во групата која ја предводи Руската Федерација.
Извор: Дојче Веле
ФОТО: ereporter.com.mk