Бенефитите од вакцинација во Македонија

 

Министерството за здравство,  денеска организира советување на тема - бенефитите од вакцинација во Македонија, со учество на експерти од релевантни области во медицината кои имаат долгогодишно знаење и искуство во областа на имунизацијата, како кај нас, така и во светски рамки. Настанот ќе го отвори министерот за здравство Никола Тодоров.

Целта е размена на сручни искуства, знаења и најнови информации во областа на имунизацијата, со акцент на бенефитите од навремената вакцинација.

Настанот ќе се одржи во просториите на Деканат на Медицински факултет.

15.03.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега