Дебата - Дали програмите за штедење се доволни за спас на Европа?

 

Денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи јавна дебата на тема „Да се штеди или не: дали програмите за штедење се доволни за спас на Европа?“.

Дебатата е организирана од Австрискиот економски центар од Виена и Правниот факултет „Јустинијан Први“, во рамки на проектот „2013 Free Market Road Show“.

На настанот e најавено присуство на претставници од министерствата и од бизнис секторот, експерти и дипломати кои ќе дискустираат за актуелни општествени прашања.

На панел дискусијата посветена на начините како да се намали младинската невработеност ќе се обрати министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

ФОТО: pf.ukim.edu.mk

најчитано сега