ВИДЕО: Српските четници стануваат вистински ѕвезди во Крим

На Крим непрекинато се зборува за можна војна, и дека ситуацијата станува се посериозна, а најдобро се гледа по контролните пунктови поставени на патиштата. На еден од нив покрај Севастопол, каде се вее српското знаме. На Крим пристинаа и припадници на Четничкиот покрет на Србија и Црна Гора кои таму се веќе вистински ѕвезди. Луеѓето кои минуваат сакаат да се сликаат со нив, а медиумските екипи постојано ги следат. 

„На Крим сме речиси две недели. Не сме авантуристи, ниту кучиња на војната. Дојдовме да и дадеме поддршка на Русите од Крим кој сакаат да се вратат на матицата, затоа што Крим бил Руски до 1954 година“, вели Братислав Живковиќ, водач на Четничкото движење.

„Пред неколку дена уловивмеСрбин кој работеше за другата страна. Шпионажа. Се претстави како Србин затоа што знае дека овде тоа поминува, но поставуваше чудни прашања. Што да кажам, наиде на погрешни луѓе. Уапсен е“, вели Братислав и додава дека на Крим ќе остане уште два или три дена по референдумот. 

„Луѓето нас овде не сакаат. Еден плаче од среќа што стигнаа браќата Срби. Други почнаа да ни бацуваат раце. Жените се сликаат со нас, ни носат храна, дури ни стигаат и брачни понуди. 

 

14.03.2014 - 20:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега