Италијанка се самоуби затворајќи се во својот ладилник
Италија е потресена од необичното самоубиство на една педесетгодишна жена од градот Офида, во областа Марке.
Италијанката си го прекина животот откако се затвори во ладилникот од својата вила во близина на градот.
Жената била среќно мажена со две деца, но извесно време страдала од депресија.
Сопругот прв го открил трупот. Кога тој се вратил во семејниот дом во Офида, нашол проштално писмо од својата сопруга, во кое таа навела дека ќе се затвори во ладилникот од нивната вила за да умре.