Шансите девојката да доживее оргазам зависат од љубовниот занает на партнерот
Женската сексуалност е покомлицирана од машката, а еве што тоа им носи на двојките.
Мажите саакат секс. Постојано
„Мажите сакаат секс почесто од жените на почетокот на врската, во средина на врската и на крајот од врската“, заклучил психологот Реј Баумајстер. Тој открил дека геј мажите имаат повеќе секс од лезбејските парови, како и дека 62 отсто од монасите во САД го прекршуваат целибатот. За споредба, тоа го прават 49 отсто од калуѓерките.
Жените сакаат малку поинакви работи
Жените имаат малку поинаков пат до сексуалното задоволување. Експертите велат дека тоа е веројатно поради тоа што на машките им е во интерес што повеќе да го рашират нивниот генетски материјал, додека жените си ги бираат мажите по шансите нивниот маж што повеќе да остане крај нив и да создадат потомство.
Не ги „палат“ истите работи
Двата пола немаат ист пат до изворот на задоволство. На мажите сласта им почива помеѓу нозете, а на жените, според психотерапевтот Естер Перел – помеѓу ушите.
„Жените ги пали контекст, приказна, ситуација, гест, нечиј став или однесување, кај нив прво оди интимноста па после сексот. Кај појакиот пол сексот е вид интимност и тие својата нежност ја даваат после тоа“, вели Перел.
Женските и машките оргазми не се исти
На мажите им треба околу 4 минути да ејакулираат, на жените им требаат најмалку 11 минути, а притоа постои шанса тие никогаш да не доживеат оргазам. Околу 75 отсто од мажите секогаш доживуваат оргазам за време на сексот, додека оваа бројка изнесува само 26 отсто кај жените. Исто така, мажите мислат дека жените доживеале оргазам во 45 отсто од случаите, но грешат, погледнете погоре – само 26 отсто се шансите дека сте ја задоволиле.
Не постои женска вијагра
Бегајте понастрана од шпанските мушички! Додека кај мажите таблетите за потенција можат да го решат проблемот, кај жените тоа се покажало потполно неделотворно. Фластерите со тестостерон не само што немале дејство кај поголемиот број на жени, туку тие и ја загрозиле здравствената состојба кај субјектите. Научниците заклучиле дека женската сексуалност не доаѓа од алатот, туку – од љубовниот занает на партнерот.
Извор Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа