Во хеликоптерска несреќа загина сопственикот на најголемата светска фармацевтска компанија
Четири лица загинаа синоќа при пад на хеликоптер во источна Англија. Меѓу нив бил најбогатиот човек во Северна Ирска, Едвард Хауги, кој починал заедно со уште три лица.
Несреќата се случила кога хеликоптерот се урнал покрај Нерфолк, 180 километри североисточно од Лондон. Причините за несреќата се' уште не се познати, но очевидците тврдат дека времето било магловито.
Меѓу загинатите е и 70-годишниот Хауги, член на британскиот парламент и најбогат човек од Северна Ирска со богатство вредно околу 600 милиони фунти
Хауги е основач и сопственик на Norbrook Laboratiories, најголема светска приватна фармацевтска компанија која вработува 1.700 луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа