Верижен судир на 50 возила во Шпанија - повредени 10 лица

Најмалку десет лица се повредени во верижен судар на околу 50 возила во Шпанија. 

Несреќата се случила вчера во 19 часот по локално време на магистралата во регионот на градот Онрубија дела Куеста, во областа Кастиља и Леон.

Причината за несреќата веројатно е пороен дожд, кој преминал во град. 

Поради несреќата магистралата беше затворена во двете насоки. Таа ги поврзува главниот град Мадрид со градот Бургос.

најчитано сега