Здравствената состојба на Тимошенко се подобрува
Германската болница „Шарите“ во која се лекува поранешната украинска премиерка Тимошенко соопштува дека се подобрува нејзината здраствена состојба.
Во моментов не е познато дали Тимошенко ќе треба да биде оперирана. Од болницата кажуваат дека за тоа ќе се решава во текот на следните денови.
Јулија Тимошенко издржуваше седумгодишна затворска казна под обвинение за корупција, која, според Западот, беше политички мотивирана.
Тимошенко беше ослободена минатиот месец, откако прорускиот претседател Виктор Јанукович побегна од Украина.
14.03.2014 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа