Славни ѕвезди кои никогаш не го завршиле школувањето

Повеќето  од холивудските ѕвезди можат да се пофалат со нивното завршено високо образование, додека некои уште во раната младост одлучиле дека се премногу забавни за да завршат училиште.

Камерон Дијаз училиштето го напуштила кога имала само 16 години и тоа зошто сакала да биде манекенка, па го потпишала првиот договор со Elite Modeling агенцијата.

Рајан Гослинг на само 17 години го напуштил школувањето за да стане познат холивудски заводник.

Кристин Стјуарт започнала да се занимава со актерство уште од мали нозе, па заради тоа никогаш не го продолжила школувањето.

Џони Деп бил млад бунтовник. Тој на 15 години го напуштил училиштето за да биде дел од рок бенд, но кога оваа идеја му досадила, ги искористил познанствата за да изгради кариера како актер.

Можеби Даниел Редклиф беше ученик на Хогвартс, но кога неговото образование е во прашање, се откажал уше во раното детство, затоа што како тој објаснува бил очаен.

14.03.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа