Седници на пет собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет собраниски комисии.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе го разгледаат Предлог-законот за заштита од вознемирување на работното место, во второ читање, а Комисијата за образование, наука и спорт ќе дебатира за Предлог законот за иновативна дејност, кој е исто така во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка, како и измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, двата во второ читање. Дневниот ред е дополнет со Предлог законот за претворање на побарувањата на државата по основ на данок во траен влог во фабриката за шински возила „Велес“, во прво читање.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за измените и дполнувањата на Законот за земјоделско земјиште и на Законот за шумите, двата во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе дебатира за Предлог законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, во второ читање, а дневниот ред е дополнет со Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2012 година. 

најчитано сега