Пандев во шок по смртта на Милошевски: Не можам да верувам ова е голема трагедија!

 

Македонскиот фудбалер Горан Пандев е во шок по информацијата за смртта на Петар Милошевски.

- Се разбудив подоцна поради синоќешниот настап во Португалија и не можев да поверувам. На телефонот премногу пораки и сите со иста содржина околу трагичната смрт на Петар Милошевски. Јас не можам да верувам. Сè уште сум во голем шок дека вакво нешто може да му се случи на човек како Петар. Ова е голема загуба за неговата фамилија и за неговите дец, а потоа и за македонскиот фудбал. Нека почива во мир, вели Пандев за македонски спорт.

За потсетување, директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово - Скопје, додека заедно со претседателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца вработени во ФФМ се враќал од хуманитарен натпревар во Куманово.

Повеќе детали прочитајте ТУКА.

14.03.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега