Даниел Кајмакоски: Постојано имам понуди за секс од девојките но тоа воопшто не е романтично
Нашиот супер финалист Даниел Кајмакоски во реалното шоу X Фактор иако важи за најголем фаворит сепак тој е скромен и воопшто не се експонира.
Тој открива дека неколку пати имал слична приликана оваа, од која не испаднало ништо и поради тоа точно знае колку брзо може да се пропадне, па затоа овојпат со двете нозе стои цврсто на земја.
- Имам интуиција дека токму сега е времето на мојот успех, но подготвен сум и на спротивното. Овојпат дојдов подготвен бидејќи веќе немам што да загубам. Ја оставив работата, станот и играм само на една карта, раскажува Даниел и додава дека и Тамара заслужува да победи.
Даниел вели дека постојано има отворени понуди за секс од понежниот пол, на кои тој им одговара дека тоа не е воопшто романтично.
- Тие понуди не се убави, сепак не сме животни. Тие девојки не ме познаваат, па како тогаш можат да ми нудат такви работи? Девојките мораат да имаа малку гордост во себе. Јас, за жал, не сум вљубен, бидејќи добро одбирам, но бидејќи дефинитивно доаѓам да живеам во Белград, има време за се, вели Даниел Кајмакоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа