Се реконструира калдрмата на повеќе улици во Стариот дел на Охрид

 

Започна реконструкцијата на оштетените делови на улиците во стариот дел на Охрид.

Градежните активности започнаа од просторот кај Малиот плоштад на кејот на Охридското Езеро и ќе се одвиваат по целата должина на улицата „Коста Абраш“, до црквата „Св. Софија“. Предвидено е прередување на коцките од калдрмата на сите места каде има оштетувања, со партерно уредување на просторот околу црквата.

Паралелно ќе се врши и санација на улицата „Цар Самоил“, како и на други сервисни улички во стариот дел на градот. Истовремено се уредуваат и уличките на населбата „Канео“ и делот што води кон црквата „Св. Јован“, каде се реконструираат и потпорните ѕидови над самата населба. На одредени места ќе се поставуваат и нови потпорни ѕидови, со цел поголема безбедност на минувачите.

Според планираните активности, предвидено е во тој дел на градот да се постави и ново осветлување, до целосно уредување на патеката што води кон црквата која е еден од најпрепознатливите белези на Охрид.

13.03.2014 - 17:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега