ВИДЕО: Како судски вештак докажува дека Оскар Писториус лажел

Параолимпиецот Оскар Писториус минатат година ја уби својата девојка  Рива Стинкамп мислејќи дека е крадец, а сега во Јоханесбург во тек е неговото судење.

Во судот се одвивала драматична реконструкција на настанот со цел судскиот вештак да докаже дека Писториус лажел во своите искази.

Имено, Оскар пред судот тврдел дека куршумите ги испукал во вратата од бањата додека не ги носел протезите на нозете, но изјавил дека ги облекол  пред да ја искрши вратата со палка.

Но вештакот тврди дека протезите на нозете не ги носел додека ја кршел вратата  а  докзот  за тоа е ниската позиција од која било удирано со палката.

Доколку судот пресуди дека Оскар е виновен казната би можела да биде доживотен затвор.

 

13.03.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега