Загина рудар при уривање на рудник во БиХ

Загина еден рудар откако бил затрупан при одрон на земја во рудникот за боксит „Јајце“ во БиХ.

Несреќата се случила на длабочина од околу 200 метри под површината на земјата во момент кога загинатиот рудар поставувал експлозив.

За среќа неговиот колега кој бил блиску до него останал без повреди.

Инцидентот се случила во вторникот, а во текот на вчереашниот ден во рудникот бил извршен увид од страна на обвинител и полиција, во соработка со федерален рударски инспектор.

Полицијата засега не може да потврди како дошло до уривање на рударската јама.

 

13.03.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега