Бизнисмени од Бурса сакаат да соработуваат со македонски компании

 

Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и шест милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за  започнување бизнис во Македонија. 

- Нашата интенција е Македонија да биде една од земјите кон кои ќе ги насочиме вложувањата. Остваривме контакти со македонски стопанственици од прехранбената индустрија, преработката на овошје, сточарството, производството на мебел и соларната енергија, рече Мустафа Крџи, претседател на стопанската комора Румелисиад.

Транспарентноста во работењето, довербата и способноста за компромис се клучни фактори за успешен бизнис, порачуваат турските стопанственици. Сепак е добро, додаваат, и лично да се доживеат искуствата на успешните компании.

Индустриските зони во Бурса вработуваат 600.000 лица, а дневното производство на автомобили достигнува 3.000.

13.03.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега