Зегин нуди вработување - плата 38.000 денари

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работни односи-Пречистен текст (Сл.весник на РМ бр.52/2012, бр.25/2013 и бр.54/2013) Работодавецот Приватна здравствена установа Поликлиника по општа медицина и биохемиска лабораторија ЗЕГИН МЕДИКА Скопје, распишува :

ОГЛAC
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Приватна здравствена установа, има потреба од:

1 (еден) доктор специјалист по трудова медицина кој ги исполнува следните услови:
- завршен медицински факултет
- положен државен стручен испит
- со завршена специјализација по трудова медицина
- лиценца за работа
- со и без работно искуство истиот се вработува:
- на неопределено време,
- со работно време од 08.00 часот до 16.00 часот
- плата 38 000,00 денари

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 8 (осум) работни дена по завршувањето на огласот.

Вашето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци доставете ја на e-mail info@zegin.com.mk.

Напомена:
- Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани

Општи правила за аплицирање:
- именување на документ за аплицирање
- CV (име и презиме на апликантот)
- назнака на позиција за која се аплицира

12.03.2014 - 22:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега