Таа дојде од Карибите за да се омажи во тетовско Челопек

По две години седење на Скајп пред Компјутер, Боби Марковски од тетовско Челопек ја оженил својата љубена, Веделин од Карипските острови. Весникот Вест ја раскажува нивната љубовна приказна.

"Две години бевме во постојан контакт со Веделин и на крај решивме да се видиме. Кога дојде во Челопек, таа се воодушеви од природата, од нашата традиција, а особено од кулинарските специјалитети. Првата недела луѓето од моето место нe гледаа малку чудно, но потоа се свикнаа, но и се спријателија со неа. Моите блиски, исто така, веднаш ја прифатија како своја, без никакви предрасуди, па сега со мерак и подготвуваат тавче-гравче, печена риба и традиционален комад - колпите, тоа се нејзините омилени јадења овде. Отпрвин бев загрижен дали ќе и се допадне тука, бидејќи, сепак, доаѓа од една егзотична земја, која е рај за туристите, но Веделин сака тивки места и дружељубив народ, па ми вели дека Челопек е поубав од Карибите", вели за Вест 25 годишниот Боби Маркоски од Челопек.

Целата приказна за Боби и Веделин прочитајте ја во Вест

 

 

12.03.2014 - 22:10
Фото: 
Вест

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега