Ректоратот на белградскиот Универзитет падна во рацете на десетина студентите
Студенти денеска зазедоа просторија во Ректоратот на Универзитетот во Белград, барајќи бесплатно школување, а во разговор со Управата на Ректоратот најавија дека во зградата ќе останат и во текот на ноќта, јави Танјуг.
Студентите разговарале со проректорката за настава Нада Ковачевиќ, а потоа одлучиле да останат во зградата.
На една од терасите на Универзитетот истакнаа транспарент на кој пишува „Студенти, а не клиенти“.
Ковачевиќ во изјава за Танјуг вели дека немало инциденти и оти ќе им се дозволи на студентите да останат во зградата. Според неа, во зградата се наоѓаат десетина студенти.
Тринаесет од 31 факултет на Универзитетот во Белград побараа зголемување на школарината во просек за два до 10 отсто. Студентите, пак, бараат веднаш да се укине одлуката за поскапување на школарината, а доколку тоа не се прифати на 4 април ќе одржат масовни протести.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа