Се појави нова социјална мрежа - за да бидете корисник мора да сте пијани!

Ако сте помислиле дека веќе друштвените мрежи не можат да донесат ништо ново, сте се излажале. Новата социјална мрежа  Livr е специфична по тоа што на неа може да се пријавите само доколку сте пијани.

Верувале или не, не можете ни да се преправате дека сте пијани ако не сте бидејќи се работи за апликација за Смартфон со која прво се мери процентот на алкохол во крвта.

Се што сакате да поделите на опваа друштвена мрежа делите со нејзините корисници кои исто така мора да бидат пијани. Кога ќе се најдете внатре имате избор на различни игри и апликации, а се очекува мрежата да биде готова на пролет.

12.03.2014 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега