ДКСК: Андреј Жерновски да одговара кривично

Антикорупциската комисија поднесува иницијатива за покренување кривична постапка против кандидатот на опозицијата за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Информацијата за Press24 ја потврдија од Комисијата од каде велат дека Жерновски треба да одговара пред законот затоа што ја навел својата имотна состојба во анкетниот лист. 

 

„Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива на ден 21.03.2013 година отвори предмет што се однесува на информациите во јавноста за имотот на Андреј Жерновски во контекст на анкетните листови што ги има доставено како пратеник до Државната комисија за спречување на корупцијата и фактичката состојба за имотот на ова лице, а во врска со што на ден 02.04.2013 година до ДКСК е поднесена претставка од ВМРО-ДПМНЕ.

За таа цел ДКСК направи увид во сите анкетни листови што ги има давано господинот Андреј Жерновски во својство на пратеник и тоа при избор на функцијата пратеник 21.07.2008 и при престанок на функцијата пратеник 25.07.2011 година. Исто така ДКСК направи увид во анкетните листови за избор на функцијата пратеник даден на 04.09.2006 година и за престанок на функцијата пратеник на 09.05.2008 година, како и на анкетните листови дадени во два наврати на почетокот на 2003 година.

Со цел проверка на податоците од анкетните листови ДКСК обезбеди имотни листови за имотот што се води на име на господинот Андреј Жерновски во Агенцијата за катастар на недвижности. Исто така обезбедени се документи и од Централниот регистар на РМ.

Врз основа на вака направениот увид ДКСК констатира низа неправилности со кои е прекршен Законот за спречување на корупција согласно со кој избраните и наименуваните лица податоците ги даваат на пропишан образец и се должни да ги дадат сите барани податоци со детален попис на имотот и со обврзно наведување на основот на стекнување.

Со споредбата меѓу посочените документи и обврските од Законот за спречување на корупцијата ДКСК заклучи дека лицето Андреј Жерновски има давано неточни и непотполни податоци за својот имот кои се разликуваат во повеќе сегменти и тоа: во адресите, во наведените квадратури, во основот на стекнување на имотот и во деловите врз кои лицето има право на сопственост, односно на користење на имот.

Ваквата фактичка состојба овозможува поведување две постапки што произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, прекршочна постапка и барање до УЈП за испитување на имотот и имотната состојба.

Фактите истовремено создаваат основани сомневања дека има елементи од кривичното дело противправно стекнување и прикривање имот од членот 359-а од Кривичниот Законик на РМ“ - стои во соопштението од Антикорупциската комисија

најчитано сега