Македонија ќе се разубави со рози за Денот на пролетта

 

 

„Македонија земја на цвеќето – земја на розата“ е кампањата што ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање по повод Денот на пролетта - 21 март.

Ресорното Министерство денеска соопшти дека розата е избрана, бидејќи е растение со исклучителна способност да ги задржи и акумулира штетните  елементи, особено тешките метали од водата, воздухот и почвата и е повеќегодишно цветно растение лесно за одгледување на различни простори. Може да живее од 20 до 30 години, цвета уште во првата година од своето садење и е расцветана 200 дена во годината.

Министерството за животна средина ги поканува граѓаните, институциите и општествено одговорните компании да се приклучат во пролетната национална акција.

12.03.2014 - 13:55
Фото: 
региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега