Варичелата зема замав во Виница - прогласена епидемија

Во општина Виница зголемен е бројот на заболените од овча сипаница. Бројката денеска достигна 55 заболени за што е прогласена и епидемија од оваа заразна болест.

- Бројот на заболените достигна бројка од 55 заболени. Болеста е ставена под контрола иако прогласивме состојба на епидемија. Меѓу заболените има и деца од градинка, но и на возраст од 35 и 40 години, изјави д-р Горан Николов, епидемиолог, раководител на подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Виница, пренесе МИА.

Според Николов, градинките и основните и средните училишта работат редовно бидејки болеста е под контрола. Вирусот се пренесува преку воздух со кашлање.

12.03.2014 - 13:46
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега