Не пропуштајте ниту момент: Sony го нуди најбрзиот автофокус помеѓу фотоапаратите со заменливи објективи

Новиот ILCE - 6000 од Sony може да се пофали со најбрзиот автофокус од било кој друг дигитален фотоапарат со заменливи објективи. Од спонтани насмевки до тениски удари, со овој модел ќе може да ги снимите сите оние работи кои другите фотоапарати ги пропуштаат, овозможувајќи ви да направите кристално чисти фотографии за само 0,06 секунди. Благодарение на Exmor APS HD CMOS сензорот со 24,3 милиони точки и BIONZ X процесорот на слика, секоја фотографија што ќе ја направите ќе биде полна со богати детали и текстура.

Збогатувајќи го асортиманот на фотоапарати со технологија без провидно огледало од Sony, моделот α6000 ќе биде достапен во два дизајна, црн и титаниум, коишто ќе привлечат завидливи погледи од другите фотографи. За сите оние кои размислувале за предностите кои фотоапаратите со технологија без провидно огледало ги нудат во поглед на тежина и големина, но не сакале да го жртвуваат супер брзиот автофокус, сега можат да ги имаат и двете со моделот α6000.

Брзината на автофокусот кај α6000, што е побрзо од повеќето професионални DSLR фотоапарати, ја овозможува напредниот хибриден AF систем од Sony. AF сензорот со фазна детекција и дури 179 фокусни точки е споен со AF систем со детекција на контраст за исклучително прецизно и брзо фокусирање. Оваа моќна комбинација обезбедува најбрз автофокус од било кој друг фотоапарат со заменливи објективи во светот, дополнително овозможувајќи континуирано снимање од 11 кадри во секунда за високо прецизно следење со автоматски фокус. Ништо не може да му избега на α6000, дури и при ситуации со голема динамика во движењето како кај спортот и акробациите на домашните миленици 

Овој модел нуди многу повеќе врвни функции спакувани во компактното куќиште на фотоапаратот. Компонирањето на сцените кои сакате да ги фотографирате е задоволство преку јасниот и светол OLED Tru-Finder™, на којшто исто така ќе можете да ги прегледате и ефектите од подесувањата на фокусот, експозицијата и другите параметри, односно она што го гледате, тоа и ќе го добиете.

Додека вие се фокусирате на сцената пред вас, интуитивно поставените режими за фотографирање и контроли на врвот на фотоапаратот ќе ви овозможат лесно прилагодување на параметрите за фотографирање. Постојат вкупно седум прилагодливи копчиња, вклучувајќи и две дополнителни копчиња за таа намена кои на фото ентузијастите ќе им овозможат брз пристап до било која од 43-те функции. Со цел да овозможи дополнителна флексибилност во секоја ситуација, α6000 има вграден блиц за осветлување на портрети или фотографии при слабо осветлен внатрешен простор.

Многу лесно ќе ги споделите фотографиите преку вашиот мобилен со вградените NFC и Wi-Fi во фотоапаратот кои ви дозволуваат поврзување со еден допир со NFC-компатибилен Android паметен телефон или таблет. Оваа технологија исто така овозможува и интелегентно далечинско управување преку поврзување на фотоапаратот за активирање на блендата од далечина и ви овозможува да прегледувате слики преку вашиот мобилен.

Возбудливите можности на α6000 растат заедно со вашите креативни амбиции. Апликациите од PlayMemories Camera Apps ќе го збогатат вашето фотографско искуство преку широк спектар на бесплатни и платени апликации кои ќе ви понудат најразлични уметнички ефекти.

За моделот α6000, може да набавите и додатоци во ист стил како што е совршено прилагодената LCS-EBC кутија којашто го штити фотоапаратот од прашина и секојдневни гребаници, овозможувајќи ви истовремено префрлување на податоци, користење на NFC или пак поставување на статив без да мора да ја отстраните заштитната кутија. Дополнително се достапни и торбички кои се направени од водотпорен материјал и го штитат фотоапаратот и леќите, како и полуцврста PCK-LM17 заштитна обвивка која што го штити LCD екранот од гребаници, прашина и отисоци од прсти.

 

Овој модел во Европа ќе биде достапен за продажба од месец Април. 

12.03.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа