Децата од Институтот за белодробни заболувања си добија нови јастучници и ќебиња
Нови 1200 парчиња различен вид постелнина меѓу кои креветски чаршафи, јастучници и навлаки за јоргани и ќебиња во вредност од 490.000 денари. денеска беа донирани од страна на мобилниот оператор ВИП на Институтот за белодробни заболувања кај децата -Козле.
Ваквата донација во иднина ќе го подобри квалитетот на престојот на децата во Институтот изјави директорот Оливер Зафировски.
- Нашава институција е една од најголемите во Македонија во областа на пулмологијата и алергологијата и тука поминуваат над 4.000 хоспитално-болни и од 25 до 30 илјади деца во нашите амбуланти, истакна Зафировски.
Болничката постелнина, посочи тој, е она што навистина го радува детето во текот на престојот, го подобрува квалитетот и го намалува стресот во текот на болничкото лекување.
Зафировски во таа прилика како знак на благодарност и врачи плакета на одговорната за корпоративни комуникации во ВИП Даниела Стојчевска.
Таа се заблагодари за плакетата и истакна дека донацијата веќе претставува една нивна традиција во областа на здравството. Посочи дека од почетокот на нивното работење донираат како во здравството, така и во други сфери со цел унапредување на заедницата и животот во Македонија.
- Се надеваме дека новата постелнина ќе го исполни капацитетот не само во оваа болница, туку и во новиот објект кој се гради и ќе го подобри престојот на дечињата во таа здравствена институција, додаде Начевска Стојчевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа