Од вечерва во Украина ќе прекине емитувањето на пет руски телевизии

 

Најдоцна до 17 часот по Гринич, интернет провајдерите треба да го прекинат емитувањето на пет руски телевизии нареди украинскиот Национален совет за радио и телевизија.

Се прекинува емитувањето на телевизиите „Русија 1“, „Русија 24“, „ОРТ“, „РТР Планета“ и „НТВ-Мир“.

Засега половина оператори го прекинале емитувањето на овие телевизии, а другите се подготвуваат тоа да го направат.

Национален совет за радио и телевизија одлуката ја објаснува со неопходноста да се гарантира информациска безбедност во согласност со одлуката на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана на 1 март.

11.03.2014 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега