Како повеќе да уживате во сексот
Сексот и задоволството најчесто одат заедно, но понекогаш работите одат во погрешна насока, па уживањето може да изостане. Со помош на овие трикови тие ситуации може да се избегнат.
1. Контролирајте го оргазмот
Запознајте го своето тело и откријте што најмногу ве возбудува. Сите сознанија споделете ги со партнерот. Без срамење покажете му каде и како да ве допира.
2.Претворете го сексот во игра
Ако сексуалниот живот ви стана рутина, освежете го. Најдобар начин за тоа е со партнерот да посетите секси-шоп и секој од вас да си ја избере омилената играчка.
3.Преземете иницијатива
Наместо да чекате тој да ве заведе, заведете го вие него. Пречекајте го во долна облека и брзо ќе го сфати вашиот предлог. Жештината што самите ќе ја создадете ќе дејствува и на партнерот и на вас.
4.Експериментирајте
Постојат разни видови стимулација. До оргазам може да доведат и најразличните пози во сексот. Откријте што најдобро ви дејствува и забавувајте се.
5. Мислете само на секс
Пред да му се препуштите на уживањето со партнерот, ослободете се од грижите, од сè што ве оптоварува и ве одвраќа од задоволството.
6. Препуштете ѝ се на фантазијата
Потсетете го партнерот на некое искуство што на двајцата ви годело, на пример на најдобриот секс што сте го доживеале на одмор. Раскажете му ги своите фантазии, самиот разговор може да дејствува стимулативно.
Извор: Убавина и здравје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа