Решете ја загатката - со кој прекинувач ќе ја вклучите сијалицата?

 

Во соба на кат има една сијалица, а вие сте долу, до панелот од 3 прекинувачи и сите 3 се исклучени. Само еден од нив ја контролира сијалицата. Другите две не прават ништо.

Ваша задача е да откриете кој прекинувач ја регулира светилката, но со неколку ограничувања:

1. Можете да ги исклучувате и вклучувате прекинувачите колку пати сакате.

2. Откако ќе завршите и ќе се изморите од вклучи-исклучи, смеете да се качите и да ја проверите сијалицата.

3. Не смеете да се качите и симнете повеќе од еднаш.

4. Не можете да видите од местото каде што стоите дали сијалицата е вклучена или исклучена.

Значи, стоејќи долу до прекинувачите, со едно качување и симнување, како ќе откриете со кој прекинувач се контролира сијалицата?

 

Решение:

Вклучете го прекинувачот А и оставете го уклучен 10 минути. Потоа исклучете го.

Вклучете го прекинувачот Б и оставете го вклучен.

Прекинувачот В нека остане исклучен.

Ако сијалицата е топла, тогаш е регулирана од прекинувачот А. Ако свети, тогаш од прекинувачот Б. А доколку е исклучена и ладна, тогаш од В.

 

Извор: Црно-Бело

11.03.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега