Повторно црни прогнози за Шумахер

 

За жал денеска повторно се појавија лоши вести и црни прогнози за легендарниот возач на Формула 1, Михаил Шумахер.

68-годишниот Марк Мадер, главниот лекар за рехабилитација кој се грижи за Шумахер по стравичниот пад за време на скијањето на француските Алпи, изјави дека отчукува часовникот на Шумахер.

- Се помали се шансите седумкратниот шампион да се опорави од несреќата. Веројатно нема да ја гледаме повеќе неговата насмевка. Колку подолго е во кома, толку се помали шансите мозокот сосема да му се опорави. Веројатно ќе има тешки последици, вели лекарот.

Сешпекулира дека Шумахер кој имал 75 килограми во болницата ослабнал 20 килограми.

 

11.03.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега