Хари на Вилијам: Ти ќе бидеш крал и затоа можам да правам што сакам!
Дека прнцот Вилијам бил поразлично третиран од неговиот брат Хари тоа се потврдува и во новата книга која сега излезе.
- Ти ќе бидеш крал, а јас не, затоа можам да правам што сакам, му рекол принцот Хари на својот постар брат, принцот Вилијам, се наведува во новата биографија на младиот член на британското кралско семејство.
Како што објави Мирир еден дел од биографијата,, дописничката од кралскиот дворец Марсиа Муди пишува:
- Вилијам често го добивал најголем дел од семејното внимание, но и вниманието на кралскиот персонал. Кралицата мајка ќе ја ставела столицата покрај себе, каде исклучиво седел Вилијам, а често ја посетувал сам, без Хари, наведува Муди.
Но, наместо да се лути поради третманот кој го добивал неговиот постар брат, принцот Хари одлучил да искористи најмногу што може од тоа.
Во книгата исто така се открива дека Хари поради носењето свастика на костимирана забава е казнет со одење на фармата во Глочестер, каде морал да ги храни свињите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа