Каде ќе и оди душата: Калуѓерка си го убила бебето за да не ја избркаат од манастир
Една ученичка во католичкото училиште за калуѓерки во Вашингтон е прогласена за виновна за убиство на своето новороденче. Сосефина Амоа од Самоа своето новороденче го убила во својата соба во манастирот за никој да не го слушне како плаче. Таа го признала убиството и сега се соочува со затворска казна од 30 години.
Калуѓерката се породила само пет дена откако се преселила во САД за да го почне петмесечниот период на замонашување. Според пишувањето на медиумите, Сосефина на 10 октомври побарала да биде ослободена од должностите и заминала во нејзината соба, каде што се породила.
Девојката и раскажала на полицијата дека не знаела што да стори и дека се плашела бидејќи некој може да дознае за нејзината бременост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа