Дома си чувале дрога - фатени двајца скопски дилери

 

Двајца скопјани си заработија кривична поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Се работи за 22-годишниот Д.С. и две години постариот Д.Т. од Скопје кои во текот на минатиот месец од засега две непознати лица, купиле одредена количина наркотична  дрога-марихуна и синтетичка дрога-амфетамин, ги препакувале за улична продажба и истите ги чувале во своите домови. По добиеното сознание дека пријавените се занимаваат со недозволена трговија полицијата изврши претреси во домовите на пријавените при што е пронајдена дрога.

Инаку, двајцата пријавени се регистрирани сторители на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што на Д.Т. за сторени 20 кривични дела му се поднесени 15 кривични пријави, а  од надлежен Суд му се изречени две мерки засилен надзор и една условна осуда, додека на Д.С. со сторени осум кривични дела му се поднесени седум кривични пријави, а од надлежен Суд му се изречени три мерки засилен надзор.

 

11.03.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега