ВИДЕО: Верувале или не - ова девојче јаде, пие и спие со 30 змии
9- годишната Криста Гуарино од Детроит живее со 30 змии меѓу кои се и анаконда и питон од речиси 4 метри. Иако нејзините миленичиња ја каснале неколку пати, таа вели дека не боли и дека не се отровни:
- Никогаш не сум се плашела од змии, воопшто. Ги обожувам - вели таа.
Нејзината љубов кон овие змии се родила откако на две години ја држела првата змија инаку нејзиниот татко е професионалец за рептили.
- -“Змија“ и беше меѓу првите зборови што ги изговори. Иако беше малечка, знаев дека тоа ќе стане нејзина страст - вели гордиот татко.
Кога Криста е на летен распуст му помага на татко си на фармата за рептили. Не се плаши ниту да ги храни алигаторите. Заедно бараат и чегртуши, едни од најотровните змии на светот.
Малата Криста одлучила да отвори Зоолошка градина за рептили за да им покаже на луѓето дека тие всушност се прекрасни животни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа