„Кажи не на насилството!“ - мисијата на ОБСЕ во Скопје со кампања за безбедни училишта
Промоција на позитивни вредности и ненасилно однесување меѓу учениците е целта на медиумската кампања „Кажи не на насилството!“ што денеска беше промовирана во Скопје.
За кампањата, која ја реализира мисијата на ОБСЕ во Скопје снимени се два видео спота кои треба да ја пренесат пораката за ненасилство кои ќе бидат емитувани на националните и локалните ТВ станици, поставени на веб страницата на ОБСЕ, на „Јутјуб“ каналот, на веб страниците на релевантните институции и училиштата, како и на социјалните мрежи.
Насилството во училиштата, според шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет, е сериозна закана за безбедноста на наставниците и учениците, но и на останатите членови на заедницата.
- Овој вид насилство е сложен феномен, и очигледно е дека индивидуалните напори на вработените во училиштата нема да бидат доволни да се одговори на ваквиот неприфатлив тренд. Наместо тоа, потребен е сеопфатен пристап помеѓу институциите, кој ќе помогне за ефикасно решавање на проблемот, вели Брет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа