Јанукович: Јас сум единствен легитимен шеф на државата и врховен командант на армијата
Поранешниот претседател Виктор Јанукович денеска и се обрати на јавноста, вторпат во последните десетина дена од Русија, порачувајќи дека останува единствениот легитимен шеф на државата и врховен командант на оружените сили на Украина.
- Сигурен сум дека војниците нема да ги прифатат наредбите на криминалците, истакна Јанукович на прес-конференција во рускиот град Ростов на Дон.
Тој оцени дека претседателските избори кои се закажани за 25 мај се „апсолутно нелегитимни и незаконски“.
Според него, низ градовите во Украина патролираат маскирани вооружени луѓе, а беззаконието се зголемува.
- Американскиот закон не дозволува САД да им даваат финансиска помош на нелегитимни влади, заклучил Јанукович
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа