ДУИ призна: Наша цел е изборите да пропаднат за да се смени Уставот на Македонија

ДУИ конечно призна. Идејата за консензуален претседател е всушност идеја за промена на македонскиот Устав.

„Нашата цел е да пропаднат овие избори со цел да се промени Уставот каде што на крај ќе заврши дека претседателот треба да се бира во Собранието на Македонија каде што најдобро ќе се одрази волјата на народите“ - изјави денеска портпаролот на ДУИ, Бијар Османи

Токму на ваквите барања на ДУИ предупреди и премирот Никола Груевски во свеото обраќање на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе е јасно зошто бараат консензуален кандидат, за да не го добијат и како што и отворено најавија да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори а потоа притисок за промена на уставот со цел партиите а не граѓаните да го биртаат претседателот на државата. Но тоа не е крајната цел. Крајната цел е претпоставката ако ВМРО нема 62 пратеника, по парламентарните избори да условат со барање, еден од тројцата, премиер, претседател на собрание или претседател на држава да биде од редовите на ДУИ“ - рече премиерот Груевски на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 1 март.

Османи денеска уште еднаш го повтори ставот на лидерот Ахмети дека ДУИ нема да ја признае легитимноста на идниот претседател на Македонија, без разлика дали тој ќе ја добие довербата на мнозинството граѓани. 
За ВМРО - ДПМНЕ, ваквиот став од Мала Речица го става под знак прашалник демократскиот капацитет на ДУИ

„Се надевам дека сите изјави кои ги оспоруваат демократските институции на Република Македонија ќе наидат на широка осуда кај мнозинството граѓани. Единствениот коментар на ваква изјава каде што хипотетички се спори легитимитет на легитимно избрани функционери на директни непосредни избори, навистина нема ништо заедничко со демократски капацитет и однесување, изјави денеска министерката Гордана Јанкулоска.

Сепак во ДУИ остануваат заглавени на својата идеја за консензуалност правдајќи ја со фактот дека не смее да се занемари волјата на гласачите Албанци.  Новинарите денеска прашаа, дали по консензуалниот претседател, почитувајќи ги своите принципи ДУИ ќе се согласи и за избор на консензуални градоначлници во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево како не би се занемарила волјата на гласачите Македонци. Османи на ова одговори дека тоа е враќање пред 2001 година и рече дека не треба да се извртуваат тезите на партијата од Мала Речица

Со или без ДУИ, првиот круг на претседателските избори е закажан за 13 април. Кандидатите кои ќе влезат во трклата за довербата на граѓаните, своите кандидатури треба да ги достават до ДИК најдоцна до четврток на полноќ.

 

 

10.03.2014 - 21:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега