Македонски педофил осуден на смрт со стрелање

Во Република Македонија за педофилија е изречена смртна казна во февруари 1987 година. Станува збор за монструозен случај, кој ја потресе не само македонската туку и пошироката јавност. Таткото, 48-годишниот Маље Зекири, тогашниот Окружен суд во Скопје го осуди на казна смрт со стрелање. Смртната казна е извршена неколку дена подоцна, пишува Вечер

Таткото педофил и монструм, Маље Зекири од селото Зајас прво ја силувал 15-годишната ќерка Беглија, а потоа со најлонско јаже, коешто го носел во џебот, ја задушил правејќи јамка околу вратот. Не помогнале ниту молитвите на беспомошното девојче кое во солзи молело Немој, бабо, немој!" Тој ја стегал јамката се додека не ја усмртил. Веднаш потоа, со цел да го прикрие злосторството, ја собрал нејзината облека и ја ставил врз веќе мртвата ќерка и ја запалил со надеж дека телото ќе изгори. По неколку дена лешот го пронашол овчар кој веднаш пријавил во полиција. Зекири го признал делото, а вештаците од Судска медицина потврдиле дека таткото-монструм во моментот на извршувањето на делото бил во свесна состојба. Обдукцијата на лешот покажала дека пред да ја убие, Зекири ја силувал својата малолетна ќерка Беглија.

најчитано сега