До сабота привремен сообраќаен режим на булеварот Србија
Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради непредвидени работи при поставување на атмосферската канализација на крстосницата на булеварот Србија со булеварот Трета македонска бригада десната коловозна лента од булеварот Србија (во насока од булеварот Борис Трајковски кон булеварот Трета македонска бригада) ќе биде затворена за сообраќај во делот кај раскрсницата.
Привремениот сообраќаен режим на оваа делница ќе важи од понеделник (10.03.2014 година) до сабота (15.03.2014 година).
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа