"Не да ја колнеш, требаше да ја плукнеш!" - еве кој ја поддржа Илма Карахмет

По скандалот кој настана со излегувањето на малата Илма Карахмет од музичкото шоу Икс-Фактор, иако многумина ја осудија за она што и го порача на Емна на социјалните мрежи, сепак има и такви кои ја поддржуваат во она што го прави. Еден од нив е познатиот ТВ водител, Дејан Станковиќ –„Краљ“ кој се огласи на Фејсбук по повод оваа случка.

- „Родителите треба да се борат за своите деца, особено ако се талентирани како нивната Илма.  Илма дете, отфрли ги сите негативни критики што ги добиваш, за тоа што ја колнеше членката на жирито. Мене да ме прашаше, не да ја колнеше, туку требаше да ја плукнеш! Шобизнисот е многу валкан, а луѓето во него се нула. Бори се во кафезот со лавови и покажи им дека си неуништлива“, напишал „Краљ“ на својот Фејсбук профил, пренесе Вистина.мк.

За потсетување, откако излезе од шоуто, Илма и порача на Емина дека и таа има деца па се надева дека еден ден и нив некој ќе ги усреќи како таа неа, а потоа Емина и одговори дека клетвите се опасна играчка. За немилиот настан прокоментира и Кристина Ковач која напиша: - Дете колне деца, лудило!

10.03.2014 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега