Ристовски: Со студирање на техничките факултети до побрзо вработување

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска се обрати на Саемот за вработување и кариера – „Job Fair 2014“, организиран од Бордот на европски студенти по технологија- Скопје во соработка со Студентскиот парламент на ФИНКИ. 

Министерот Ристовски апелираше до студентите кои се уште го немаат определено своето високо образование и се немаат одлучено во кој  дел да продолжат со своите студии,и да се определат за информатичките науки и технологии и останатите технички факултети.

-Показателите говорат дека студентите кои дипломираат на техничките факултети, а посебно на информатичките науки и технологии, имаат најмалку период на чекање до засновање на својот прв работен однос, додаде Ристовски на Саемот за вработување и кариера – „Job Fair 2014“.

На саемот учество земаа 18 компании.

10.03.2014 - 13:19
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега