Полицијата демне: Охриѓани кои пијани летале по улиците останаа без возачки

 

Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање, а девет возачи се исклучени од сообраќај за време на акцијата што во текот на ноќта ја спроведе охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.

Според соопштението од СВР – Охрид, синоќешната акциска контрола била спроведена со цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Акциските контроли биле реализирани во текот на ноќта на целото подрачје на СВР Охрид. 

Полицијата на девет лица им ги одзеде возачките дозволи и издаде исто толку платни налози.

10.03.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега