ВИДЕО: Франц и Наде се седмата танцова двојка која си оди од „Танц со ѕвездите 2“

Музичарот Владимир Крстевски – Франц и неговата професионална танцова партнерка Наде Миленкова со танго го напуштија најгледаното домашно шоу „Танц со ѕвездите 2“.

Имено, Франц и Наде во седмата елиминациона емисија на „Танц со ѕвездите 2“ играа танго, а со тоа го заокружија своето натпреварување во најпопуларното домашно шоу. Тие се седмата танцова двојка која си оди дома.

Во игра остануваат уште три танцови двојки кои ќе се борат за влез во големото финале на најгледаното македонско шоу „Танц со ѕвездите 2“.

Трите танцови двојки кои остануваа се:

Сара Мејс и Мишо Спасовски,

Наташа Илиевска и Даниел Кимовски,

Димитар Атанасовски и Јована Василева.

Во продолжение погледнете како танцуваа Владимир Крстевски - Франц и Наде Миленкова досега.

 

 

10.03.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега