Дешчицја: Украина на 17 или 21 март ќе потпише дел од спогодбата со ЕУ

 

Новите украински власти денеска соопштија дека Украина во текот на месецов може да потпише еден дел од спогодбата за придружување кон Европската унија, и покрај превирањата во земјата.

За украинскиот ТВ канал „1+1“министерот за надворешни работи Андриј Дешчицја изјави дека политичкиот дел од спогодбата за придружување кон ЕУ може да се потпише на 17 или 21 март.

Новите власти во Киев и претходно соопштуваа дека имаат намера да потпишат политички делови од спогодбата за пристапување кон ЕУ, пред изборите закажани за 25 мај.

Датумите за можното потпишување на спогодбата се совпаѓа со најавениот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ на 17 март и самитот на лидерите на Унијата на 20 и 21 март, потсетуваат француските медиуми.

Потпишувањето на спогодбата со ЕУ ќе следи по референдумот на Крим, чие проруско раководство сака полуостровот да се припои кон Русија.

10.03.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега