Рахман: Исчезнувањето на малезискиот авион е „воздухопловна мистерија без преседан

 

Заменик-директорот на Малезиската цивилна воздухопловна служба Азхарудин Абдул Рахман на денешната прес- конференција изјави дека исчезнувањето на малезискиот авион е „воздухопловна мистерија без преседан.

Веќе трет ден нема никакви траги од исчезнатиот авион ниту од исчезнатите 239 патници и членови на екипажот од летот Куала Лумпур-Пекинг иако во тек е сеопфатна потрага по авионот од воздух и во море.

Рахман истакна дека киднапирањето не може да се исклучи додека со истрагата не се елиминираат сите можности за исчезнување на авионот на компанијата „Малезија Ерлајн“ од летот МХ370.

- За жал не пронајдовме што било, што изгледа како предмети од авионот. Што се однесува до нас, мораме да го пронајдеме леталото, мораме да најдеме барем дел од него, доколку тоа е можно, изјави Рахман.

Десетици бродови и авиони од седум земји крстарат по морето околу брегот на Малезија и јужно од Виетнам, паралалено со разгледување на прашањето за можните безбедносни пропусти, бомба или киднапирање.

10.03.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега