Најмалку 42 имигранти загинати во превртен брод крај брегот на Јемен

 

Брод со нелегални имигранти од Африка се превртел вчера во Аденскиот залив, крај брегот на Јемен при што загинаа 42 лица јави јеменското Министерство за одбрана.

Несреќата се случила откако бродот, што превезувал десетици мигранти од Африка, се „превртел во близина на брегот Бер Алија“ во јужната провинција Шаба, стои во краткото соопштение на министерството, објавено на неговиот сајт.

Патролен чамец на јеменската крајбрежна стража успеал да спаси триесетина лица, кои се префрлени во бегалскиот камп во градот Мајфи, се додава во соопштението на министерството, цитирано од француските медиуми.

Имигранти од Африка, посебно од Етиопија и Сомалија, кои бегаат од сиромаштијата и немирите во своите држави, обично со чамци доаѓаат во јужниот дел на Јемен пред да се упатат на север кон саудиската граница.

10.03.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега